Да ја запознаеме нашата општина: Како е организирана и како функционира Општина Тетово?

Општината е институцијата што е најблиску до граѓаните. За разлика од централните институции, кои се занимаваат со национални политики, општините се грижат за прашањата што директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Од локалните улици, јавното осветлување, одржувањето на парковите, урбанистичкото планирање и поддршката на училиштата, па сè до спортот, културата, заштитата на животната средина […]